ПРОЕКТОТ „МАКЕДОНСКО СЕЛО“: ПРИЛОГ КОН ЕДНА ИЗМИСЛЕНА ТРАДИЦИЈА ВО СКОПЈЕ

Main Article Content

Даворин Трпески

Abstract

Познато е тоа дека поранешните социјалистички општества тежнеат контоа да направат крупни промени во изгледот и да го заборават социјалистичкото минато, притоа свртувајќи се кон некое подалечно минато. Градот Скопје предничи кога станува збор за промовирање на поблиското и подалечното минато. Така, меѓу многуте споменици кои беа изградени во последнава деценија е и новоизграденото етно село односно „Македонско село“ во Скопје. Причините за градењето на шеснаесетте куќи кои претставуваат копии од веќе постоечки некогашни живеалишта од повеќе македонски предели според инвеститорот е да се промовира македонската традиција и македонското градителство; и со него да се запознаат несамо македонските граѓани туку и странските посетители на Скопје. Комлексот е резултат на предаторскиот економски либерализам на кој целта не му е квалитетна култура, туку профит од културата. Токму, претворањето на културата во роба значи управувана култура, или не култура како начин на живеење, туку како начин на трошење, односно како производ за на пазар.

Article Details

Section
Articles / Статии

References

Anderson, David. 1992. Museums at the time of change, Marketing the arts. Paris: ICOM MPR Committee.
Graham, Brian 2002. ‘Heritage as knowledge: capital or cultural?’, Urban studies 39(5-6): 1004.
Hobsbaum, Erik. 2002. ‘Uvod: kako se tradicije izmišljaju’, во Izmišljanje tradicije, Erik Hobsbaum i Terens Rejndžer (ur.), Beograd: Biblioteka XX vek.
Mat, Gelard, Tomas Flac, Judita Lederer. 2002. Menadžment muzeja. Umetnost i ekonomija, Beograd: Clio.
McLean, Fiona. 1997. ‘Le passé est a vendre: reflexions sur le marketing des musees’, II Publics et musees 11/12.
Šola, Tomislav. 2001. Marketing u muzejima ili o vrlinii i kako je obznaniti, Zagreb.

„Музејска поставка во комплексот кај Нерези“, Дневник, 21.07.2016, http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=12D6F4284883CC41BE873C0847F6A506, последен пат посетена на 03.12.2016.
„Тренд плус“ ќе управува со Македонското село во Нерези“, Утрински весник, 23.02.2014, http://www.utrinski.mk/ ItemID=A5A6423DBA81274DBE5D036226BC27B2, последен пат посетена на 03.12.2016.