СТАРОСТ-ГРДОСТ: ЕТНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ ЗА БЕЗДЕТНИТЕ СТАРЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Main Article Content

Илина Јакимовска
Ана Ашталковска Гаjтаноска

Abstract

Во текстот фокусот е ставен на животните приказни на бездетни стари лица низ Македонија. Теренските материјали вклучуваат интервјуа со бездетни брачни партнери во различни села низ Македонија спроведени во последните 15 години. Преку нивните приказни се истражуваат промените во традициските вредности и норми поврзани со старите родители или сродници. Посебно внимание е посветено на парадоксалната (и понекогаш иронична) позиција на овие луѓе кои поради генералната тенденција на напуштање на старите родители од страна на нивните деца завршуваат подеднакво осамени и ранливи како и родителите во многудетните семејства.Иако големото семејство не е веќе гаранција за достоинствена старост, токму овие тн. „традициски вредности“ беа промовирани од Владата на Република Македонија во периодот 2006-2017, преку јавни кампањи кои ги претставуваат големите семејства како вредност која треба да се одржи и негува. Текстот ја истражува оваа ситуација меѓу реалната состојба на старите и конструираната идеализирана претстава за безбедна и среќна старост која ги комбинира економските, политичките како и емоционалните аспекти.

Article Details

Section
Articles / Статии

References

Butler, Robert. 1989. “The Tragedy of Old Age in America” во: Seeing Ourselves – Classic, Contemporary and Cross-Cultural Readings in Sociology, Macionis&Benokraitis (ed.). 219-225. Prentice Hall
De Bovoar, Simon. 1987. Starost, tom I. Beograd: BIGZ
Skok, Petar. 1971. Etimološki rječnik hrvatskoga ili srpskoga jezika. Zagreb.
Јакимовска, Илина. 2009. Телото. Етнолошко – антрополошка студија. Скопје: Слово.
Маринов, Димитър. 1995. Българско обичайно право, второ фототипно издание. София: Ака- демично издателство „Марин Дринов“.
Мирчевска, Мирјана. 2003. „Селата во Горна Река како општествено-економски заедници“, ЕтноАнтропоЗум 3: 136-163. Скопје: ИЕА.
Павловиħ Јеремија. 1928. Малешево и Малешевци. Београд.
Русиħ, Бранислав. 1956. „Старији обичаји око одређивања земљишних међа и око пољских радова у Кичевији“, Гласник етнографског музеја у Београду, књ. XIX, том XIX. Београд.
Филиповиħ, Миленко. 1939. „Обичаји и веровања у Скопској котлини“, Српски етнографски зборник, књ. LIV, том I. Београд: Етнографски институт.
Црвенковска – Ристевска, Инес. 2002. „Старечки домаќинства во Поречките села: современа состојба“, одбранета на Заводот по етнологија при ПМФ Скопје.