EthnoAnthropoZoom/ЕтноАнтропоЗум http://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz
EthnoAnthropoZoom is a journal of the Institute of Ethnology and Anthro­pology at the Faculty of Natural Sciences and Mathematics at “Ss. Cyril and Methodius University” in Skopje. This journal focuses on articles belonging to the fields of ethnol­ogy, socio-cultural anthropology, linguistic anthropology and theoretical anthropology, as well as articles belonging to related scientific disciplines. All published papers in the journal have been peer reviewed by experts from correspond­ing fields from Macedonia and abroad.

The articles in the journal are published bilingualy in Macedonian and English. Priority is given to domestic and foreign authors of original scientific articles that focus upon ethnological and аnthropological problems in Macedonia (separately or comparatively). Also eligible are original scientific texts that refer to the wider region of South-eastern Europe.

As a part of the project "Audio library of the Institute of Ethnology and Anthropology. Audio journal "EthnoAntropoZoom", the first six issues of the EAZ journal are published in mp3 format in Macedonian language. Enriching the contents of the journal with audio files, we hope to reach wider audience, as well as to make it available for people with visual impairment. The initiative is financed by The Open Call for Programs and Projects in the Field of Culture (City of Skopje, 2018).

ЕтноАнтропоЗум е списание на Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во списанието се објавуваат трудови од областа на етнологијата, социокултурната антропологија, лингвистичката антропологија, теориската антропологија и другите сродни научни дисциплини. Текстовите во списанието ЕтноАнтропоЗум се рецензирани од најмалку двајца рецензенти од Р Македонија или од странство.
Текстовите во списанието се објавуваат на македонски и на англиски јазик. Предност за објавување во ЕтноАнтропоЗум имаат домашни и странски автори со оригинални научни трудови во кои се обработуваат етнолошки и антрополошки проблеми што се од теренот на Македонија (посебно или компаративно). Следна категорија текстови со предност за објавување се оригиналните научни  трудови што се однесуваат за поширокиот простор на Југоисточна Европа.
Објавувањето на текстовите од првите 6 броја (бр. 1- бр. 6) на списанието ЕАЗ на македонски јазик во аудио формат е реализирано во рамките на проектот: „Аудио библиотека на Институтот за етнологија и антропологија. Аудио списание „ЕтноАнтропоЗум“, а финансиран во рамки на Јавниот повик за програми и проекти од областа на културата од интерес на Градот Скопје за 2018 година. Збогатувајќи го ЕтноАнтропоЗум со аудио фајлови на броевите од 1 до 6 на македонски јазик се надеваме дека содржините на списанието ќе допрат до пошироката слушателска публика, како и до лицата кои досега не беа во можност да ги читаат неговите содржини.
Институт за етнологија и антропологија en-US EthnoAnthropoZoom/ЕтноАнтропоЗум 1409-939X

Authors retain copyright and grant the journal right of first publication with the work simultaneously licensed under a Creative Commons Attribution Licensethat allows others to share the work with an acknowledgement of the work's authorship and initial publication in this journal.

Импресум/Impressum http://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz/article/view/390 Ljupcho Risteski ##submission.copyrightStatement## 2018-10-05 2018-10-05 16 1 7 Содржина/Contents http://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz/article/view/391 Ljupcho Risteski ##submission.copyrightStatement## 2018-10-05 2018-10-05 16 3 3 ШTO ПЕАТ ПТИЦИТЕ? ЗА ЖИВОТИНСКИОТ ГОВОР ВО ЈУЖНОСЛОВЕНСКИОТ ФОЛКЛОР http://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz/article/view/392
Современите научни истражувања на екосистемите опфаќаат различни аспекти на гласовноста, вклучувајќи ги и системите за комуникација („јазици“) на одделните животински видови. Современите теоретски и експериментални согледувања за „зборувањето на природа“ повикуваат на редефинирање на основните поими како што се „природа“, „култура“, „говор“, „музика“ итн. Во овој контекст, затоа е важно да се обрне вниманието на интуитивните и практични знаења од традиционалните и архаични култури. Најинтересните и најмалку истражувани се народните традиции за „животинскиот јазик“, „тивкиот јазик“ или за „птичјиот јазик“, кои, наводно, биле познати само на одреден број познавачи, а кои можеле да го отворат патот кон мудроста и успехот за нив. Можеме да пронајдеме фолклорни мотиви на ова свето или магично знаење на народните приказни (на пример, АТУ 670, 671 и 673) со корени во анимистички и шамански животни стилови низ различни делови на евроазискиот континент. Овој труд посебно се фокусира на јужнословенскиот материјал, продолжувајќи го првото истражување направено и претставено во пионерската синтеза на македонскиот етнолог и професор Бранислав Русиќ.
Змаго Шмитек ##submission.copyrightStatement## 2018-10-05 2018-10-05 16 8 70 WHAT DO BIRDS SING? ON ANIMAL LANGUAGE IN SOUTH SLAVIC FOLKLORE1 http://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz/article/view/393
Contemporary scientific studies of ecosystems encompass different aspects of vocality, including the communication systems (“languages”) of individual animal species. Current theoretical and experimental insights into “talking nature” call for a redefinition of such basic terms as “nature”, “culture”, “speech”, “music”, etc. In this context, it is therefore important to draw attention to intuitive and practical knowledge from within traditional and archaic cultures. The most interesting—and understudied are the folk traditions about “animal language”, “silent language” or “bird’s language”, which were supposedly known only to a few adepts, and could open the path to wisdom and success for them. We can find folklore motifs of this sacred or magical  nowledge in folktales (ATU 670, 671 and 673 for instance) with their roots in animistic and shamanistic lifeworlds across different parts of the Eurasian continent. This paper will specifically focus on the south Slavic material, continuing the research first done and presented in a pioneering synthesis by the Macedonian ethnologist and professor Branislav Rusić.
Zmago Šmitek ##submission.copyrightStatement## 2018-10-05 2018-10-05 16 9 69 МИТСКИТЕ ЗНАЧЕЊА НА КОСМОГОНИЈАТА И АНТРОПОГОНИЈАТА ВО МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА КУЛТУРА http://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz/article/view/395
Во текстот се анализани и утврдени основните митски кодови поврзани со создавањето на Светот, при што се издвоени два основни кода што ја чинат
митската основа на создавањето: код 1. праматерии: воздух, вода, оган/светлина, земја, душа, и код 2. движење. Понатаму се врши анализа на митските претстави за Човекот, при што, интересно е да се спомене дека процесот на културно спознавање на сопственото тело, Човекот го доживува(л) и го реализира(л) низ формите на секојдневните контакти со надворешниот свет, при што создавањето на сложените симболички системи во кои телото ги добива улогите и функциите на медиум се реализираат преку две заемно поврзани релации: телото како засебен ентитет, структура, микросвет, микрокосмос; Светот, макросветот, или макрокосмосот, според параметрите на Човечкото тело како микросвет, или микрокосмос.
Митските претстави поврзани со толкувањата на просторната структура на Земјата и на Космосот во себе ги содржат најархаичните, првични кодови на структурирање на народната мисла.
Љупчо Ристески ##submission.copyrightStatement## 2018-10-05 2018-10-05 16 72 114 MYTHOLOGICAL MEANINGS OF COSMOLOGY AND ANTHROPOGONY IN MACEDONIAN FOLK CULTURE http://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz/article/view/396
This paper has analysed and established the basic mythic codes related to
the creation of the World, and in the process two basic codes that constitute the mythic foundation of creation have been emphasised: code no. 1 - primordial elements: air, water, fire/light, earth, soul and code no. 2 - movement. This is followed by an analysis of the mythic ideas about Man, and in this context it is interesting to mention that the process of cultural familiarization of his own body was/is experienced and was/is carried out through the forms of the everyday contacts with the outside world. Thus, the complex symbolic systems, in which the body is allocated the roles and the function of a medium, are created by means of two mutually linked relations:
- the body as a unique entity, structure, micro-world, microcosm;
- the World, the macro-world or the macrocosm, according to the parameters
of the human body as a micro-world, or microcosm.
The mythic beliefs related to the interpretation of the spatial structure of the Earth and the Cosmos contain the most archaic, initial codes of structuring human thought.
Ljupcho Risteski ##submission.copyrightStatement## 2018-10-05 2018-10-05 16 73 115 ПРОЕКТОТ „МАКЕДОНСКО СЕЛО“: ПРИЛОГ КОН ЕДНА ИЗМИСЛЕНА ТРАДИЦИЈА ВО СКОПЈЕ http://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz/article/view/397
Познато е тоа дека поранешните социјалистички општества тежнеат кон
тоа да направат крупни промени во изгледот и да го заборават социјалистичкото минато, притоа свртувајќи се кон некое подалечно минато. Градот Скопје предничи кога станува збор за промовирање на поблиското и подалечното минато. Така, меѓу многуте споменици кои беа изградени во последнава деценија е и новоизграденото етно село односно „Македонско село“ во Скопје. Причините за градењето на шеснаесетте куќи кои претставуваат копии од веќе постоечки некогашни живеалишта од повеќе македонски предели според инвеститорот е да се промовира македонската традиција и македонското градителство; и со него да се запознаат не
само македонските граѓани туку и странските посетители на Скопје. Комлексот е резултат на предаторскиот економски либерализам на кој целта не му е квалитетна култура, туку профит од културата. Токму, претворањето на културата во роба значи управувана култура, или не култура како начин на живеење, туку како начин на трошење, односно како производ за на пазар.
Даворин Трпески ##submission.copyrightStatement## 2018-10-05 2018-10-05 16 116 128 THE “MАCEDONIAN VILLAGE” PROJECT: AN EXAMPLE OF AN INVENTED TRADITION IN SKOPJE http://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz/article/view/399
It is known that the former socialist societies tend to make major changes in appearance and to forget the socialist past, while turning to a distant past. Skopje is the leader when it comes to promoting the distant past. Thus, the newly built “Ethno Village” or “Macedonian ethno - village” in Skopje is among the many monuments that were built in the last decade. The idea behind the building of a dozen houses that represent copies of former habitats located in several Macedonian regions was to promote the Macedonian tradition and architecture among the Macedonian citizens, but also among the foreigners
visiting Skopje. The complex is a result of the predator economic liberalism whose goal is not a good quality culture, but rather to profit from culture. The transformation of culture into merchandize means managed culture or culture not as a way of life, but as a way of consumption, i.e. a market commodity.
Davorin Trpeski ##submission.copyrightStatement## 2018-10-05 2018-10-05 16 117 129 СТАРОСТ-ГРДОСТ: ЕТНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ ЗА БЕЗДЕТНИТЕ СТАРЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА http://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz/article/view/400
Во текстот фокусот е ставен на животните приказни на бездетни стари лица низ Македонија. Теренските материјали вклучуваат интервјуа со бездетни брачни партнери во различни села низ Македонија спроведени во последните 15 години. Преку нивните приказни се истражуваат промените во традициските вредности и норми поврзани со старите родители или сродници. Посебно внимание е посветено на парадоксалната (и понекогаш иронична) позиција на овие луѓе кои поради генералната тенденција на напуштање на старите родители од страна на нивните деца завршуваат подеднакво осамени и ранливи како и родителите во многудетните семејства.
Иако големото семејство не е веќе гаранција за достоинствена старост, токму овие тн. „традициски вредности“ беа промовирани од Владата на Република Македонија во периодот 2006-2017, преку јавни кампањи кои ги претставуваат големите семејства како вредност која треба да се одржи и негува. Текстот ја истражува оваа ситуација меѓу реалната состојба на старите и конструираната идеализирана претстава за безбедна и среќна старост која ги комбинира економските, политичките како и емоционалните аспекти.
Илина Јакимовска Ана Ашталковска Гаjтаноска ##submission.copyrightStatement## 2018-10-05 2018-10-05 16 130 146 OLD AGE-UGLY AGE: ETHNOGRAPHIC NOTES ON THE CHILDLESS ELDERS FROM THE REPUBLIC OF MACEDONIA http://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz/article/view/401
The text focuses upon life stories of childless elders from Macedonia. Field materials include interviews with childless married couples from different villages
throughout Macedonia, conducted during the last 15 years. Their stories provide the basic empirical data that enable following the changes of traditional values and norms related to old parents or relatives. Special attention is dedicated to the paradoxical (and often ironic) position of these people, who, due the general tendency of abandoning old parents by their children, end up equally lonely and vulnerable as those parents who have children.
Although big families are not a guarantee for dignified old age any more, it is exactly these so called ‘traditional values’ that were promoted by the Government of the Republic of Macedonia in the period 2006-2017, though public campaigns that presented big families as a value that should be sustained and cherished. This article analyses the gap between the realistic state of affairs of the elderly, and the constructed, idealized notion of a secure and happy old age that combines economic, political, as well as emotional aspects.
Ilina Jakimovska Ana Ashtalkovska Gajtanoska ##submission.copyrightStatement## 2018-10-05 2018-10-05 16 131 147 ВРЕМЕ Е ЗА БЕБЕ! МАЈЧИНСТВОТО И НАЦИОНАЛИЗМОТ ПО ПРИМЕРИ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА http://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz/article/view/402
Политичките центри на моќ во општествата често се обидуваат преку различни форми на национализам да ги уредуваат родовите улоги на поединците.
Во оваа смисла, во примерот со Република Македонија во периодот на 2006-2017 година, низ различни проекти кои ќе нѝ послужат да ја илустрираме оваа идеја, Владата прави обиди да влијае врз претставата за улогата на жената и во семејството и во државата. Претставата е во релација со идејата да се зголемува нацијата. Во центарот стои македонската жена, која, со тоа што ќе стане мајка и ќе роди по можност повеќе деца, ќе придонесе во зголемувањето на нејзиниот број.
Инес Црвенковска Ристеска ##submission.copyrightStatement## 2018-10-05 2018-10-05 16 148 184 IТ’S TIME FOR A BABY! MOTHERH OOD AND NATIONALISM ACCORD ING TO EXAMPLES FROM THE REPUBLIC OF MACEDONIA http://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz/article/view/403
Political centers of power in societies often try through different forms of nationalism to regulate gender roles of individuals. In this sense, in the Republic of
Macedonia in the period 2006-2017, through various projects, the Government attempted to influence public notions on the role of women in the family and in the state. The representations are mainly in relation to the idea of increasing and strengthening the nation. At the center of this discourse is the “Macedonian” woman, who, by becoming a mother and giving birth to more children, will contribute to the nation’s growth.
Ines Crvenkovska Risteska ##submission.copyrightStatement## 2018-10-05 2018-10-05 16 149 185