ВИРТУЕЛНИ МОДЕЛИ НА ЖИВЕАЛИШТА ОД МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ГРАДИТЕЛСТВО

Даворин Трпески
Author

Synopsis

Оваа книга настана како резултат на несопирливиот развој во областа на компјутерската технологија и нејзиното влијание во сферите на обичното човеково живеење. Кога се размислува од тој
агол, не може а да не се разгледуваат овие современи општествени влијанија од страна на етнологијата и антропологијата, односно од нивната млада субдисциплина, антропологијата на кибер-просторот. Со оглед и на тоа дека тука е опфатена и виртуелната презентација на моделите од македонското народно градителство, повеќе од потребно беше да се консултира и музеологијата. Покрај теоретските аспекти кои се застапени во првиот и во вториот дел, во последната третина
од книгата се оди кон практичната изработка на 3Д-моделите. Мора да се напомене и тоа дека целта не беше да се направи некаков прирачник кој понатаму целосно ќе им помогне на другите автори да ги
совладаат софтверските пакети кои се користени при изработката на 3Д-моделите, туку само да се прикаже постапката на изработка.
Крајниот резултат беше и да се изработи 3Д-анимацијата на споменатите модели, а со тоа практично да се овозможи постоење на виртуелен етнолошки музеј кој би презентирал неколку живеалишта од
македонското народно градителство. Така, во прилог на книгата следи и ЦД во кое се наоѓа Виртуелниот етнолошки музеј. Секако, Музејот не е комплетен со оглед на фактот дека во неговата изработка беше
вклучен само еден човек, за разлика од сличните работи кои се изработуваат во големи компании со десетици, па и стотици програмери и 3Д-дизајнери. Во тој поглед, во Република Македонија
дури во последниве неколку години започна процес на дигитализација и 3Д-анимација на спомениците на културата. Се надевам дека и оваа книга ќе биде третирана како дел од тој започнат процес.

Cover for ВИРТУЕЛНИ МОДЕЛИ НА ЖИВЕАЛИШТА ОД МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ГРАДИТЕЛСТВО