ЕТНОЛОШКО И АНТРОПОЛОШКО ПРОУЧУВАЊЕ НА ДЕРВИШКИОТ РЕД БЕКТАШИ ОД СЕЛО КАНАТЛАРЦИ, ПРИЛЕПСКО

Виктор Трајановски
Author

Synopsis

Книгата со наслов „Етнолошко и антрополошко проучување на дервишкиот ред бекташи од село Канатларци, Прилепско“, од авторот Виктор Трајановски, претставува значаен придонес за македонската етнологија и антропологија, особено поради фактот што до сега не се направени систематски истражувања на бекташтвото во една локална заедница во Р. Македонија. Врз богат етнографски материјал, собран на терен за потребите на овој труд, авторот Виктор Трајановски ја покажува современата положба на овој религиски тарикат како во рамките на исламот во Македонија, исто така и во рамките на меѓусебните конфронтации во однос на внатрешно хиерархизирање и преструктуирање во бекташката заедница. Темата овозможува добивање богата база на податоци за бекташкиот тарикат или дервишки ред, за неговата историја, доктрина, начин на функционирање и егзистирање на бекташката заедница од Канатларци. Исто така, во трудот се анализира прашањето за старешинството во бекташкиот тарикат во Дикмен-баба теќето и спорот кој произлегол помеѓу спротивставените бекташки групи во врска со двата принципа на избор на баба, принципот на евладие и принципот на ербабие, од што произлегле и главните поделби во општественото живеење и во секојдневието на заедницата во селото Канатларци.

Cover for ЕТНОЛОШКО И АНТРОПОЛОШКО ПРОУЧУВАЊЕ НА ДЕРВИШКИОТ РЕД БЕКТАШИ ОД СЕЛО КАНАТЛАРЦИ, ПРИЛЕПСКО