ДЕРВИШКИОТ РЕД ХАЛВЕТИ-ХАЈАТИ ВО ОХРИД

Виктор Трајановски
Author

Synopsis

Книгата со наслов „Дервишкиот ред халвети-хајати во Охрид“ претставува прв монографски труд од оваа област, во овој обем. Истражувајќи го дервишкиот ред халвети-хајати во Охрид, авторот преку темелно етнолошко и антрополошко теренско истражување, користејќи соодветна, релевантна литература во историски контекст, успеал од стручен и научен аспект, да го претстави постоењето, филозофијата, учењето и функционирањето на овој тарикат во Охрид. Според понудените содржини, даден е историскиот развиток на дервишките редови на Балканот и во Македонија, со посебен акцент на појавата и распространувањето на халветите во Македонија, а потоа и на халветите – хајати во Охрид. Изнесени се најважните суштински карактеристики на тесавуфот и доктрината на халветите, нивната филозофија, вера и практика. Исто така, се изнесени богати етнографски податоци за современата состојба на овој подогранок во Охрид, доктрината на редот анализирана според основните верски ставови, основните културолошки белези, со цел да се претстави суштината за егзистирањето и функционирањето на овој дервишки ред. Покрај презентираната верска обредност, во ова дело разгледани се и влијанијата на суфискиот воспитно-образовен процес во проучуваниот дервишки ред, како и улогата на жената во дервишкиот ред халвети-хајати.

Cover for ДЕРВИШКИОТ РЕД ХАЛВЕТИ-ХАЈАТИ ВО ОХРИД