За етнологијата... Безброј прагови сме преминале... За Анета Светиева

Љупчо Ристески
Volume editor
Ана Ашталковска Гајтаноска
Volume editor

Synopsis

Монографскиот труд „За етнологијата... безброј прагови сме преминале... За Анета Светиева“ е посветен на дејноста и на резултатите постигнати во сферата на етнологијата и на антропологијата на проф. д-р Анета Светиева. Од денешна перспектива, како нејзини блиски соработници и пријатели, критички можеме да кажеме дека таа е најзначајната дејка во создавањето на Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој во 2005 година конечно доби институционална форма. Создавањето на Институтот за етнологија на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, освен во формална смисла како единствена национална високообразовна и истражувачка единица, отвори уште многу перспективи за кои професорката Анета Светиева визионерски со години наназад говори и се залага. Честопати заложбите за повторното институционализирање на академските студии и истражувачката работа во  еден ваков институт беа на штета на нејзината лична кариера како истражувач зашто времето употребено во овие активности беше долготрајно, а условите до неговото крајно постигнување тешки, понижувачки и истоштувачки. Сепак, како и неколкумина други
претходници, Анета Светиева одлучи да го изоди овој пат не само за себе, туку, пред сè, поради нас, генерациите по неа, но најмногу од сè поради етнологијата и антропологијата и поради Македонија.

Cover for За етнологијата... Безброј прагови сме преминале... За Анета Светиева