БУГАРСКИ ПАСОШИ – МОЖНОСТ ЗА ПОГОЛЕМА МОБИЛНОСТ НА МАКЕДОНЦИТЕ И/ИЛИ СТРАТЕГИИ ЗА МАНИПУЛИРАЊЕ СО ИДЕНТИТЕТОТ

Main Article Content

Љупчо Ристески

Abstract

Во Република Македонија од осамостојувањето во 1991 г. општествено- политичката ситуација е доста динамична и турбулентна, а економската ситуација загрижувачка. Огромен е бројот на невработени луѓе, кои веќе тешко можат да работат како печалбари во европските и прекуокеанските земји токму поради проблемите со визите. Така, со процесот на пристапување на Бугарија кон ЕУ, очекувано започна да се зголемува интересот на македонските граѓани за добивање бугарско државјанство, а со тоа за стекнување и со лични документи и, како најважно, пасош на Република Бугарија. Кога размислуваме за стратегиите, за концептот на државјанството, кој всушност практички го овозможува стекнувањето на поединците со документи за лична идентификација и патни исправи, логички е да се тргне од идејата на Маршал дека државјанството како концепт се состои од три главни елементи или димензии. Првиот е дека државјанството претставува легален статус на поединецот, вториот елемент му ги обезбедува политичките, а третиот социјалните права и обврски. Така, кога државјанството се набљудува како стратегија од аспект на поединецот, најблиску до реалноста е ако тоа се поврзува со остварување на легалниот статус, кој во случајот на македонските граѓани им обезбедува патни исправи што им го отвораат патот кон земјите во светот. Од друга страна, пак, историските и дневнополитичките случувања на оспорување на македонскиот национален и етнички идентитет, на јазикот и сл., доведуваат до размислувања во македонската јавност дека и оваа стратегија е уште една од многуте досега применувани на Бугарија кон Македонците за разнишување на идентитетот.

Article Details

Section
Articles / Статии

References

Hammar, T. 1990. Democracy and the nation-state: Aliens, denizens, and citizens in a
world of international migration, Aldershot, Eng: Avebury.
Marshall, T. H. 1985/1949. Citizenship and social class. Во: D. Held et al. (Eds.) States
and societies, Oxford, UK: Basil Blackwell&Open University, стр. 248–260.
Robertson, C. 2004. The Archive, Disciplinarity, and Governing: Cultural Studies and
the Writing of History, Cultural Studies ↔ Critical Methodologies, Volume 4,
Number 4, стр. 450–471.
Tchorbadjiyska, A. 2007. Bulgarian Experiences with Visa Policy in the Accession
Process: A Story of Visa Lists, Citizenship and Limitations on Citizens’ Rights,
Regio, Minorities, Politics, Society, English Edition, issue: 1, стр. 88–105.
Torpey, J. 2000. The Invention of the Passport: Surveillance, Citizenship and the State,
Cambridge University Press.

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>