ДАЛИ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗОЛ СТАНУВА "ПЕСЈИ ЈАЗОЛ" - ЛОКАЛЕН ТЕРМИН ЗА ЈАЗОЛ ШТО МНОГУ ТЕШКО СЕ ОДВРЗУВА

Main Article Content

Љупчо Ристески

Abstract

"Песји јазол" или "песијазол", според народната терминологија се врзувадоколку случајно волницата се заплетка, при што можноста јазолката да сеодврзе е многу мала. Се плашам, сй повеќе дека метафоричната употреба на овојтермин уште во главниот наслов станува реалност за Република Македонија сооглед на настаните што се случуваат во неа од февруари 2001 година. Сепак, уштеведнаш тука треба да се напомене, "македонскиот јазол" не е врзан ниту сега,ниту само еднаш, а "решавањето" на македонското прашање не било вечниот сонсамо на Македонците, туку уште повеќе на соседите на Македонија и другитеполитички и воени моќни сили уште од многу поодамна. Така, македонскиотјазол, многупати до сега низ историјата се врзувал, па одврзувал, потоа толкумногу се стегнувал што сите мислеле дека нема да се одврзе, но се случувале итакви "чуда" што сепак се одврзувал. Тоа, и денес, ни дава некаква надеж даверуваме во разврската на фамозниот јазол, и сила да седнеме и да напишеменеколку скромни реда, иако постојано сй уште се потресуваме и шокираме од тоашто ја снајде Македонија и сите нас, зашто до нас секојдневно пристигнуваатмногу вести за убиени, раселени, прогонети, разурнати свети објекти, запаленисела, како и уште многу други ладни, лицемерни, потсмешливи совети,застрашувања, предлози, "олеснувања и олеснувачи", добронамерни инструкцииод "светските чувари" што нй прават уште поисплашени и поконфузни во нашеторазмислување и дејствување.Сепак за да се разбере донекаде проблемот на македонското прашањепрепорачливо е да се направи еден кус историски преглед на најзначајнитеопштествено-политички и економски диспозиции во создавањето и развитокот намакедонската национална свест и македонската нација.

Article Details

How to Cite
Ристески, Љупчо. 2016. “ДАЛИ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗОЛ СТАНУВА "ПЕСЈИ ЈАЗОЛ" - ЛОКАЛЕН ТЕРМИН ЗА ЈАЗОЛ ШТО МНОГУ ТЕШКО СЕ ОДВРЗУВА”. EthnoAnthropoZoom/ЕтноАнтропоЗум, no. 3 (November), 48-88. https://doi.org/10.37620/EAZ0330048r.
Section
Articles / Статии

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>