СЕЛАТА ВО ГОРНА РЕКА КАКО ОПШТЕСТВЕНОЕКОНОМСКИ ЗАЕДНИЦИ

Main Article Content

Мирјана Мирчевска

Abstract

Етничкиот предел Горна Река се наоѓа на крајниот северозападендел на Р. Македонија, опфаќајќи го горниот дел од сливното подрачје на р.Радика до Бошков мост на југ. Според основните карактеристики на теренот,целиот етнографски простор е изразито планинско подрачје. Фигуративнокажано, пределот Горна Река по однос на природниот амбиент изгледа како"етнички тромб", изолиран од соседните предели со природни препреки:планини и реки. Населението, кое е формирано низ специфични етноисторискипроцеси, денес го сочинуваат Македонци - христијани и Албанци -муслимани. Основните стопански дејности се сточарството и печалбарството,дејности кои од своја страна влијаеле врз развојот на целокупната етничкакултура. Живеејќи во ваква природно изолирана географска средина, безпоголем урбан центар во непосредна близина, Горнореканците немалеголема можност за комуникација со соседните предели. Сето ова придонеслоГорнореканците да развијат сопствени материјални, социјални и духовниелементи на културата. Како дел од општественото живеење се јавуваат иформите на организираноста на селото како заедница, со што на одреденначин се регулирале и правилата на однесување на членовите на селото какоопштествена заедница, преку назначување на селски службеници од различенвид. Најголем дел од нив се карактеристични за сите Јужни Словени, но и заостанатите балкански народи.

Article Details

How to Cite
Мирчевска, Мирјана. 2016. “СЕЛАТА ВО ГОРНА РЕКА КАКО ОПШТЕСТВЕНОЕКОНОМСКИ ЗАЕДНИЦИ”. EthnoAnthropoZoom/ЕтноАнтропоЗум, no. 3 (November), 136-63. https://doi.org/10.37620/EAZ0330136m.
Section
Articles / Статии

References

1991 CvijiÊ Jovan, Balkansko poluostrvo, Sabrana dela, kw. 2,
Beograd.
1998 Istorija na makedonskiot narod, tom vtori, Institut za
nacionalna istorija, Skopje.
1985 Karajanov Stojan, I Beli~ica gore{e, Gostivar.
1971 KostiÊ Cvetko, Tri zajedni~ke institucije globalnog
dru{tva Ju`nih Slovena, Zbornik Matice srpske, kw. 56,
Beograd.
1998 Panov Mitko, Enciklopedija na selata vo Republika
Makedonija, Skopje.
1956 RusiÊ Branislav, Stariji obi~aji oko odreÚivawa zemji{nih
meÚa i oko poqskih radova u ki~eviji, GEMB, kw. XIX, Beograd.
1992 TanaskoviÊ Vojislav, Sreda~ka `upa, Pri{tina