НИКОЈ НЕ САКА ДА БИДЕ ЦРНО ПИЛЕ. ЕТНОГРАФИЈА НА НЕЖЕНЕТИТЕ ВО ПОРЕЧЕ

Main Article Content

Мери Марија Тодоровска

Abstract

Миграцијата село–град, која ја има зафатено Македонија уште пред шеесетина години, придонесува македонските села да бидат раселени. Некои од нив едвај живуркаат со по неколку стари жители, по чија смрт ги чека судбината на мно- гу села што одамна се напуштени. Индустријализацијата што се одвиваше по Втората светска војна поттикна многу од жителите на селата да одат на работа во фабриките што се отвораа, во потрага по полесен и подобар живот. За сметка на тоа, на македонското село не се обрнувало внимание во поглед на подобрување на условите за живот, па така обратен процес на миграција, односно град–село никогаш не се ни случил. Вака стојат работите и во Порече, крај во кој не само што нема подоб- рување на условите за живот туку, исто така, нема ни добра поврзаност со урбаните центри, па така на почетокот на дваесет и првиот век овој крај се чини дека е при- лично изолиран од светот. Младите луѓе не сакаат да живеат во вакви услови. За- ради своето школување одат во поголемите места, па гледајќи го начинот на живот што се одвива таму, повеќе немаат желба да се вратат во селата. Полесен начин за останување во градот имаат девојките, кои се мажат многу рано, оставајќи по селата момчиња што немаат за кого да се оженат. Поради тешките услови за живот, момчињата се во ситуација да не можат да донесат жена што би прифатила да се омажи за нив, ниту пак се во состојба да ги напуштат селата и да отидат да живеат во гра- дот поради своите ограничени материјални можности. Во ваква незавидна положба, тие излезот го бараат во седењето пред селската продавница, каде што повеќето од нив се речиси постојано со шише пиво в рака.

Downloads

Download data is not yet available.

Article Details

How to Cite
Тодоровска, Мери Марија. 2017. “НИКОЈ НЕ САКА ДА БИДЕ ЦРНО ПИЛЕ. ЕТНОГРАФИЈА НА НЕЖЕНЕТИТЕ ВО ПОРЕЧЕ”. EthnoAnthropoZoom/ЕтноАнтропоЗум, no. 13 (November), 206-20. https://doi.org/10.37620/EAZ15130206t.
Section
Articles / Статии

References

Јакимовска, Илина. 2009. Телото, етнолошко - антрополошка студија. Скопје:
Слово.
Обрембски, Јозеф. 2001. Македонски етносоциолошки студии, книга II. Скопје:
Матица.