ЕТНОЛОГИЈАТА И АНТРОПОЛОГИЈАТА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: МИНАТО, СЕГАШНОСТ, ИДНИНА

Main Article Content

Богдан Дражета

Abstract

Трудот претставува краток осврт на ситуацијата во која се наоѓа етнологијата и антропологијата во Босна и Херцеговина, одсвоето конституирање до современиот период, во текот на различните социоекономски системи и културни рамки, како и на насоките по коитаа можеби ќе се развива понатаму. Поголемиот дел од досегашните истражувања во оваа област доаѓаат од перото на автори од „развиените“земји, како и од домашните автори што се школувале и усовршувале на тамошните универзитети. Нивниот фокус главно се темели на темиповрзани со воените конфликти и повоената општествена реалност. Меѓутоа, Одделението за етнологија на Народниот музеј во Сараево, предпочетокот на војната во 1992 година, своето внимание го насочувало кон традициската култура на одделните „етнографски микрорегиони“. Токмупоради поврзаноста со музејските, но не и со академските институции, етнологијата во Босна и Херцеговина не ја доживеала антрополошкататрансформација што ги зафатила Србија, Хрватска и Словенија во текот на седумдесеттите години на минатиот век. Неколкуте обиди таа да се втемелина универзитетите не вродиле со плод. Како оваа дисциплина понатаму ќе се развива е големо прашање. Сепак, нејзиното понатамошно вообличување има потенцијал за согледување на минатите и сегашните културни и општествени процеси во Босна и Херцеговина. На тој начин се добива увид во тоа дека сложеноста на ова подрачје може во иднина да биде поттик за некои идни истражувања и движења.

Downloads

Download data is not yet available.

Article Details

How to Cite
Дражета, Богдан. 2018. “ЕТНОЛОГИЈАТА И АНТРОПОЛОГИЈАТА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: МИНАТО, СЕГАШНОСТ, ИДНИНА”. EthnoAnthropoZoom/ЕтноАнтропоЗум 16 (16), 208-50. https://doi.org/10.37620/EAZ171600208d.
Section
Articles / Статии