ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ЕТНИЧКАТА И ВЕРСКАТА ФУНКЦИЈА НА НАРОДНАТА НОСИЈА НА АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ НА СОЦИЈАЛИЗМОТ

Main Article Content

Букурие Мустафа

Abstract

Во етнографскиот преглед на Балканот, народната носија вообичаено е претставена како обележје на националниот идентитет, a истовремено и како израз на историското и културното опкружување на народите што живеат тука. Но, што се случува кога етничкиот и националниот идентитет на носијата преминува во културна идентификација на еден систем и време, коешто внесува промени во самата народна носија?
Ваквата состојба на културна и етнографска трансформација во различни историски периоди била условена од различни видови институционални интервенции за изнаоѓање методи и форми, одредени преку законски мерки, дури и забрани со цел законска заштита на ваквите материјални културни добра што му припаѓаат на еден народ. Во овој случај, низ еден хронолошки историски преглед, се прикажува патот на трансформацијата на дел од облековната култура како израз на еден систем, каков што бил системот што го донел „Законот за забрана да се носи зар и фереџе“ објавен во Службен весник на НР Македонија (бр. 1, 12 јануари 1951 г.).      
                Во поширок контекст, такви закони и денес се носат и во многу други европски земји, коишто на облеката не гледаат како на културен диверзитет или национален идентитет, туку го поставуваат како прашање за едно општество и држава.

Downloads

Download data is not yet available.

Article Details

How to Cite
Мустафа, Букурие. 2020. “ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ЕТНИЧКАТА И ВЕРСКАТА ФУНКЦИЈА НА НАРОДНАТА НОСИЈА НА АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ НА СОЦИЈАЛИЗМОТ”. EthnoAnthropoZoom/ЕтноАнтропоЗум 20 (20), 210-40. https://doi.org/10.37620/EAZ2020210m.
Section
Articles / Статии