СТАНБЕНАТА ПОЛИТИКА И ДОМУВАЊЕТО ВО СОЦИЈАЛИСТИЧКА МАКЕДОНИЈА

Main Article Content

Билјана Милановска

Abstract

Поседувањето дом како простор (стан или куќа) е неприкосновено право на секоја индивидуа. Домот е центар на светот за секој оној што го поседува, и неговото отсуство предизвикува низа реперкусии во општествениот и социјалниот живот. Домувањето е битен контекст во политичкиот, економскиот и социјалниот живот и зависи од неговите услови. Регулирано и средено домување, како дел од социјалната и просторната политика, е сведок за функционална и развиена земја, a истовремено придонесува за социјална кохезија, зачуван интегритет и благосостојба на секоја индивидуа. Во времето на Југославија, идеолошката обоеност налагала еднаквост при поседување и доделување на стан; декларирајќи го како лична инвестиција и општествено добро, државата имала императив да го обезбеди поединецот со ова добро или да создаде соодветни услови, адаптирани на постоечкиот стандард, тој самиот да го стекне без многу непријатности. Самоуправувањето и здружениот труд воведуваат олеснителни околности за стекнување станбено право, но и низа нерегуларности и недоследности во неговото решавање.

Article Details

How to Cite
Милановска, Билјана. 2020. “СТАНБЕНАТА ПОЛИТИКА И ДОМУВАЊЕТО ВО СОЦИЈАЛИСТИЧКА МАКЕДОНИЈА”. EthnoAnthropoZoom/ЕтноАнтропоЗум 20 (20), 242-68. https://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz/article/view/464.
Section
Articles / Статии

References

Ален, Едвард. 2008. Како функционираат градбите: Природниот ред на архитектурата, трето издание, Скопје: Арс Ламина.
Ацевски, Илија. 1995. Социологија на градот, социолошка хрестоматија. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Институт за социологија.
Alfirević, Đorđe, Simonović-Alfirević, Sanja. 2018. ‘’Socialist Apartment’ in Yugoslavia: Paradigm or Tendency?.’ Spatium 40: 8–17.
Andrusz, G., Harloe, M., Szelenyi, I. 1996. Cities after Socialism. Urban and Regional Change and Conflict in Post-socialist Societies. Oxford: Blackwell.
Archer, Rory. 2016. ‘Paid for by the Workers, Occupied by the Bureaucrats: Housing Inequalities in 1980s Belgrade’. In: Social Inequalities and Discontent in Yugoslav Socialism, Archer, Rory, Duda, Igor, Stubs, Paul (eds.). 58–76. Oxford: Routledge.
Archer, Rory. 2018. ‘The moral economy of home construction in late socialist Yugoslavia’, History and Anthropology 29(2): 141–162.
Attwood, Lynne. 2004. ‘Housing in the Khrushchev Era’, In: Women in the Khrushchev Era, Ilič, Melanie, Reid, Susan E., Attwood, Lynne (eds.). 177–202. Hampshire/New York: Palgrave Macmillan