ИСТОРИСКОТО ПАМЕТЕЊЕ И ДРЖАВНИТЕ ПРАЗНИЦИ ВО БУГАРИЈА ВО ВРЕМЕТО НА СОЦИЈАЛИЗМОТ

Main Article Content

Петко Ст. Петков

Abstract

Во овој извештај се разгледува развојот на календарот на државните празници во Бугарија, особено во времето на државниот социјализам. Анализата покажува дека воените победи не се главен мотив при изборот на официјалните денови за паметење. Дури и бугарските воени достигнувања немаат посебно место во формирањето на официјалните државни празници на нова Бугарија. Календарот на прослави не ги опфаќа победите на Бугарите во средниот век, а во дваесеттиот век нема нови воени победи. Во периодот на социјализмот, главниот фокус се става на празниците 1 Мај (меѓународниот ден на трудот) и 9 Септември (1944), прогласен за „Ден на слободата“ во 1945 година. Како и сите други настани во животот на народната република, празникот се користи само за функционална цел – да обедини, да се нагласи обединувањето, да се реафирмира лојалноста кон владејачката партија и кон новата идеологија, да се покаже сигурност во неизбежното доаѓање на просперитетот и „светлата иднина“ – комунизмот. Особено внимание се посветува на поткрепувањето на тврдењето дека Трети март е наметнат како државен празник од комунистичката власт на почетокот на деведесеттите години од ХХ век. Тој не е толку погоден за оваа улога како што е себугарскиот празник 24 Мај. Тоа е така бидејќи државните празници, вклучувајќи го и единствениот национален празник досега (3 Март), секогаш биле определувани со политичка одлука – до 1944 година од страна на монархот, Народното собрание и од посебно овластено министерство, а по 1944 година, главно од Советот на министрите или од Државниот совет, а ретко од Народното собрание.

Downloads

Download data is not yet available.

Article Details

How to Cite
Петков, Петко. 2020. “ИСТОРИСКОТО ПАМЕТЕЊЕ И ДРЖАВНИТЕ ПРАЗНИЦИ ВО БУГАРИЈА ВО ВРЕМЕТО НА СОЦИЈАЛИЗМОТ”. EthnoAnthropoZoom/ЕтноАнтропоЗум 20 (20), 270-96. https://doi.org/10.37620/EAZ2020270p.
Section
Articles / Статии