ПРЕТСТАВАТА ЗА РОМИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ЕТНОЛОШКА И АНТРОПОЛОШКА ЛИТЕРАТУРА

Main Article Content

Инес Црвенковска Ристеска

Abstract

Релативно е мал бројот етнолошки текстови што се занимаваат со теми поврзани со Ромите на Балканот и во Македонија. Во овој текст, идејата е да се види како се зголeмувал интересот за Ромите и како потоа се градела претставата за Ромите во југословенската, а од југословенската се пренесла сликата во македонската етнолошка и антрополошка литература. За таа цел, во анализата се користени етнографски текстови и зборници посветени на Ромите во периодот на СФР Југославија во 70-тите, 80-тите, 90-тите години, како и текстови за Ромите објавени во Р Македонија од нејзината независност во 1991 г. до денес.
Во дел од овие текстови може да се забележи како етнолозите и антрополозите во своите истражувања ја градат претставата за Ромите во неколку насоки. На самиот почеток во југословенската, а потоа со преземање на истиот модел и во македонската етнологија и антропологија се потенцира важноста да се истражува за Ромите како важна југословенска националност, а од друга страна се гради претстава за Ромите и ромската заедница како југословенска „другост“ со препорака дека би требало да биде истражувана од етнолози што ќе произлезат од заедницата на Ромите. Како резултат на мотивацијата на југословенско ниво да се ангажираат и Роми етнолози, најголем дел од македонските истражувачи што почнале да се занимаваат со ромската заедница се Роми едуцирани во југословенскиот период.
По распаѓањето на СФР Југославија и концептот за југословенската националност составена од братските народи и народности, во рамките на балканските национални програми продолжува да егзистира концептот за ромската „другост“ преку концептот народна традиција кај Ромите. Овој концепт на ромската „другост“ од југословенската етнологија продолжил да се провлекува во текстовите кај Ромите истражувачи во современата македонска етнолошка литература.  

Article Details

How to Cite
Црвенковска Ристеска, Инес. 2021. “ПРЕТСТАВАТА ЗА РОМИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ЕТНОЛОШКА И АНТРОПОЛОШКА ЛИТЕРАТУРА”. EthnoAnthropoZoom/ЕтноАнтропоЗум 21 (21), 132-54. https://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz/article/view/499.
Section
Articles / Статии

References

Бајрактаревић, Милун. 1982. „Теоријско-методолошка оријентација југословенске етнологије“. Етнолошки преглед 17, 155–162.
Балић, Саит. 1992. „Поздравна реч Саита Балића, претседника Међународне организације Рома“. Развитак Рома у Југославији, проблеми и тенденције. Научни скупови LXVIII (1). Београд: САНУ, Одељење друштвених наука, Комисија за проучавање живота и обичаја Рома, 3–4.
Каназир, Душан. 1993. „Поздравна реч академика Душана Каназира, претседника САНУ“. Друштвене промене и положај Рома. Научни скупови LXX (2). Београд: САНУ, Одељење друштвених наука, Комисија за проучавање живота и обичаја Рома, 3–4.
Кнежевић, Сребрица. 1982. „Жене Рома и њихов смисао за адаптацију у складу са економским променама“. Етнолошки преглед 17, 279–292.
Константинов, Душан. 1982. „Етнички одлики на битолските Роми“. Етнолошки преглед 17, 247–278.
Мацура, Милош. 1992. „Уводна реч академика Милоша Мацуре“. Развитак Рома у Југославији, проблеми и тенденције. Научни скупови LXVIII (1). Београд: САНУ, Одељење друштвених наука, Комисија за проучавање живота и обичаја Рома, 1–2.
Петровић, Ђурђица. 1992. „Научна истраживања Рома у Југославији“, Развитак Рома у Југославији, проблеми и тенденције. Научни скупови LXVIII (1). Београд: САНУ, Одељење друштвених наука, Комисија за проучавање живота и обичаја Рома, 61–83.
Петровски, Трајко. 1993. Календарските обичаи кај Ромите во Скопје и околината. Скопје: Феникс.
Петровски, Трајко. 2013а. „Етнокултурните карактеристики на Ромите во Крива Паланка“. Славишки зборник 2. Крива Паланка: Градски музеј, 239–251.
Петровски, Трајко. 2013б. Етничките и културните карактеристики на Ромите во Македонија. Посебни изданија, книга 82. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“.
Поповска, Драгица. 2013. Ромската традиција во современата култура. Скопје: ИНИ.
Старк, Еја. 2016. „Политиката на фолклорот, начинот на неговото собирање: фолклорот поврзан со ромското население во Финска во раниот 20 век“. ЕтноАнтропоЗум 15, 150–174.
Тодорова, Марија. 2001. Замислувајќи го Балканот. Скопје: Магор.
Rot, Klaus. 2000. Slike u glavama. Ogledi o narodnoj kulturi u jugoistočnoj Evropi, 113. Ivan Čolović (ur.). Beograd: Biblioteka XX vek.