МЕЃУВЕРСКИ БРАКОВИ ВО КОСОВО

Main Article Content

Анѓелина Хамза-Хасанај

Abstract

Во трудот се обработува еден интересен општествен феномен, кој во исто време е и чувствително прашање, а се однесува на склучување бракови помеѓу Албанци со различна вероисповед: христијани католици и муслимани. При обработката на темата се користени материјали што се прибирани со теренско истражување реализирано во неколку села и градови во Косово. Текстот има цел да понуди еден специфичен приод кон мешаните бракови, посебно кога станува збор за две различни религии, како и да се воочи кои се општите норми што произлегуваат од религиозното гледиште.          
Во досегашните истражувања на религиски мешаните бракови на Косово, периодот по Втората светска војна се препознава како период кога најмногу се склопувале религиски мешани бракови, како и бракови помеѓу припадници на различни националности. Во Косово, во периодот кога тоа било дел од СФР Југославија, меѓукултурната, економската и социјалната комуникација се развивала меѓу различните групи што живееле на тие простори. Тоа било период на една тешка сеопшта криза, период кога започнала огромната миграција од село в град, главно поради економски причини и потребата од работна сила, со што, освен за вработување, се создале услови за пообемна општествена еманципација и модернизација на општеството, што придонесло луѓето да се запознаваат, да се мешаат и да стапуваат во мешани бракови.       

Article Details

How to Cite
Хамза-Хасанај, Анѓелина. 2021. “МЕЃУВЕРСКИ БРАКОВИ ВО КОСОВО”. EthnoAnthropoZoom/ЕтноАнтропоЗум 21 (21), 278-300. https://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz/article/view/509.
Section
Articles / Статии

References

Ahmeti, Sherif H. 1987. KUR’AN-I (Përkthim me komentim në gjuhën shqipe). Prishtinë.
Faruki, Lois Lamja. 2007. Grate muslimane dhe Islami. Shkup: Logos A.
Krasniqi, Mark. 2007. Toleranca në traditën shqiptare. Prishtinë: ASHAK.
Lajçi, Bashkim. 2007. Gjurmime Etnologjike. Pejë.
Sarëkçëogllu, Ekrem. 2010. Historia e feve prej fillimit deri sot. Shkup: Logos A, Fokus.
Sokoli, Ramadan. 1997. Trashëgimia fetare në etnokulturën tonë, Revista. Gjurmime Albanologjike. Seria Folklor dhe Etnologji, nr. 27. Prishtinë: Instituti Albanologjik i Prishtinës.
Takvimi. 1997. Bashkësia Islame e Kosovës. Prishtinë.
Tirta, Mark. 2003. Etnologjia e Shqiptarëve. Tiranë: GEER.