МЕСЕЧНИКОТ „ВАРДАР“ ВО УРЕДНИШТВО НА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ ОД 1905 ГОДИНА И МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

Main Article Content

Љупчо С. Ристески

Abstract

Првиот и единствен број на списанието „Вардар“ е објавен на 1 септември 1905 г. во Одеса во уредништво на Крсте Петков Мисирков. Идејата и целта на К. Мисирков, била да се привлече вниманието на пошироката јавност во регионот и во Европа кон „македонското прашање“, за програмата и следбениците на македонските национални сепаратисти, како што себеси и следбениците ги нарекува Мисирков, притоа соочувајќи се со сите противници, низ аргументи да се бори против сите што го одречуваат постоењето на одделна словенска македонска народност. К. Мисирков објавува статија посветена на настанувањето и толкувањата на српската и бугарската теорија за народноста на Македонците, каде што јасно укажува на официјалните ставови и од двете страни на непризнавање на посебноста на македонската народност, што пак се одразувало на официјалните територијални претензии на соседните држави Бугарија и Србија врз Македонија. Во следната статија на „Вардар“ се објавени статистички податоци за селата, нивните имиња, за населението според народноста, сопственоста на земјата, бројот на куќи и припадноста според кази во Јужна Македонија, поточно во Пазарско, Солунско, Гевгелиско и Кукушко.

Downloads

Download data is not yet available.

Article Details

Section
Articles / Статии

References

Бернштейн, С. Б. „’Вардар‘ К. П. Мисиркова“. Slavistična revija. IX. 3-4. Ljubljana, 1958, 178–186.
Мисирков, Крсте. За македонцките работи. Фототипно издание по повод 100 години од излегувањето на книгата. Скопје: МАНУ, 2003.
Усикова, Р. П. „Из истории македонского литературного языка (типология литературного языка К. П. Мисиркова). Славянский вестник. Вып. 2. Москва: МАКС Пресс, 2004, 406–415.
Црвенковска-Ристеска, Инес. „Антрополошки поглед врз процесот на создавање на македонскиот национален идентитет во периодот на преродбата, пред и по Илинденското востание (1903 година)“. EthnoAnthropoZoom/ЕтноАнтропоЗум, no. 5. Скопје: Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, 2005, 72–112. https://doi.org/10.37620/EAZ0550072cr.