СТУДИЈА ЗА СЕЌАВАЊЕТО ВО ПОСТЈУГОСЛОВЕНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА ПРЕКУ ФИЛМОТ „СНЕГ“ НА АИДА БЕГИЌ

Main Article Content

Гала Насева

Abstract

По распадот на Југославија, полека се појавува женската кинематографија како потентен начин за уметничко изразување, способна да ги надмине границите на Балканот и да предизвика силно чувство за сеќавање на траумите од минатото и носталгија за некое друго време. Овој преглед ги истражува кинематографските вредности на филмот „Снег“ на Аида Бегиќ, препознавајќи ја како една од ретките режисери што ја претставуваат поствоената родова траума на Балканот. Преку истражувањето на методите што ги користи Бегиќ за претставување на женските сеќавања и различните начини на справување со сегашноста додека живеат во целосна изолација, исклучени од општеството, постојано прогонувани од минатото, овој преглед има за цел да фрли светлина врз портретирањето на женските карактери во современата босанска кинематографија преку нивното централно присуство на екранот, за разлика од другите филмови од постјугословенскиот период каде што сеќавањето е претставено преку реконструирање на сцени без да биде ставен фокусот на жената како централен протагонист во филмот.

Downloads

Download data is not yet available.

Article Details

Section
Articles / Статии