Митја Великоња „Постсоцијалистички политички графити на Балканот и во Централна Европа“
Synopsis
Oваа теориски и емпириски заснована книга ги истражува политичките графити во пост-социјалистичките балкански и централно-европски земји како субверзивни политички средства.
И покрај зголемената глобална дигитализација, графитите остануваат широко распространети и популарни, нудејќи визуелна индикација за културните услови, социјалната динамика и структурите на моќ во едно општество, и тоа преку само неколку зборови или слики. Користејќи квалитативни и квантитативни методи, како и детална интердисциплинарна анализа на поимот „патриотски“, екстремно десничарски, навивачки, носталгични и шовинистички графити и улична уметност, Великоња се занимава со тоа кој и зошто го користи графитот како политички медиум и која е неговата целна група на којашто се обраќа.
издавач: МСЕД