„Струмичкиот говор : етно-лингвистички материјали“

Authors

Коста Пеев

Synopsis

„Струмичкиот говор“ содржи животни стории, интервјуа, сеќавања, приказни и фолклорни материјали собирани на терен во текот на 1970-тите во струмичките села, од страна на истакнатиот македонист Коста Пеев. Граматички обработени (со акценти и посебни дијалектолошки знаци) тие имаат голема вредност и за лингвистите, но и за етнолозите и фолклористите, бидејќи содржат информации за начинот на живот, обичаите и усно народно творештво во овој регион. Особено е скапоцено регистрирањето на зборови и изрази кои денес се или целосно заборавени или почнуваат да исчезнуваат. Книгата е само дел од поширок проект на Институтот за етнологија и антропологија за дигитализација, транскрибирање и архивирање на овие материјали, на што работеше тим од 9 соработници.
година на издавање: 2020

Cover for „Струмичкиот говор : етно-лингвистички материјали“
Forthcoming
September 25, 2021