Антропологија на сексуалноста: родовост и промена на биолошкиот пол | 300,00 денари

Инес Црвенковска Ристеска
Author

Ова издание е докторска теза на авторката, која го врши своето антрополошко истражување на родовоста и промената на биолошкиот пол во рамки на ромската заедница во Скопје. 

Synopsis

Во оваа книга авторката Инес Црвенковска Ристеска се занимава со сексуалноста на група биолошки мажи што продаваат сексуални услуги како жени во ромската заедница во Скопје. Овие биолошки мажи во рамките на ромска заедница се третирани како мажи, и како жени, а во ромската машка заедница функционираат како жени. Во книгата во текстот се следи нивниот секојдневен живот, во домот на нивното биолошко семејство, во домот со нивните „сестри“ каде го споделуваат слободното време – за уживање, и секојдневниот живот на отворените и затворените сцени каде даваат сексуални услуги за ќеф на своите дечковци или продаваат сексуални услуги за надоместок или/и пари на своите клиенти. Во истражувањето, може да се види секојдневниот живот на сексуалните работници или нивни „сестри“ од ромската заедница во Скопје како сексуалните работници „автостоперки“ или „кросдресерки“ на отворените сцени во Италија и затворените сцени во Швајцарија.

Cover for Антропологија на сексуалноста: родовост и промена на биолошкиот пол | 300,00 денари