„Етнографски материјали од професорот Ѓорги Здравев“: трета книга

Authors

Инес Црвенковска Ристеска

Synopsis

Третата книга „Етнографски материјали од професорот Ѓорги Здравев“ претставува продолжение и заокружување на трилогијата етнографски материјали, составена од првото издание од 2023 и второто издание од 2024 година. Во ова издание презентирани се дел од оригиналните етнографски материјали на професорот, забележани во текот на неговата повеќегодишна плодна кариера како истражувач. Исто како во првата и во втората книга, и во третата книга издвоени се шест од многубројните теренски тетратки и белешки од неговите истражувања во Струшко, пределот Малесија, и во Скопско, во 1950-те, 1960-те и 1970-те години на Социјалистичка Република Македонија. Во оваа книга, тежиштето во презентирањето е ставено врз описите и скиците на техниките за везење, за плетење, на подготовката на материјалите за везење и плетење и на обичаите поврзани со техниките за везење и со облековните елементи од народната носија. И со третата книга, како и со претходните две изданија, целта е да се поттикне понатамошното промовирање на физичката и на дигиталната збирка од професорот Ѓорѓи Здравев, зачувана во Архивот на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Cover for „Етнографски материјали од професорот Ѓорги Здравев“: трета книга
Forthcoming
February 21, 2026