Етнолошко и културноантрополошко истражување на Порече

Authors

Љупчо Ристески Анета Светиева

Synopsis

Во 2001 година, Самоков во Порече беше центар на етнолошките и антрополошките случувања. Таму се одржа меѓународен собир посветен на 70-годишнината од теренските истражувања на Ј. Обрембски во организација на Институтот за старословенска култура од Прилеп.
Во периодот што следуваше интересот за Порече растеше сѐ повеќе, а материјалите на Ј. Обрембски станаа основа за анализа не само на постојните состојби туку и за следење на процесите, динамиката и промените кај општествените и културните појави. Институтот за етнологија и антропологија својата планирана годишна теренска настава со студентите ја организираше во пределот Порече. Како резултат на теренската настава со студентите, во периодот од 2000 до 2004, а периодично и во годините до денес, во Дигиталниот архив за етнолошки и антрополошки ресурси се депонирани неколку стотини часови снимени аудиоматеријали, или околу 4500 страници транскрибирани етнографски и фолклорни материјали.
Оваа збирка истражувачки текстови го рефлектираат овој долгогодишен интерес на поголем број етнолози и антрополози од земјата и странство за овој предел и различните аспекти на неговата култура. Истовремено, таа е збогатена со фотографии на Јоже Рехбергер Огрин.

Cover for Етнолошко и културноантрополошко истражување на Порече
Published
February 18, 2022