„РАЗНОВЕРЦИ“, Меѓурелигискиот соживот на село во Западна Македонија

Authors

Марчин Лубаш

Synopsis

Најопшто земено, предметот на овој труд е општествениот соживот помеѓу разноверците во регионот Долна Река, лоциран во долината на реката Радика, која ги пресекува планинските масиви на централно-западниот дел на Република Македонија (државата понатаму во трудот се именува едноставно „Македонија“). Посебно внимание му посветувам на административниот центар на регионот – селото Ростуше, во кое населението говори на македонски јазик, а се припадници на две монотеистички религии: муслимани (сунити) и православни христијани. Студијата се заснова врз етнографскиот материјал собран при истражување на терен во Македонија последните 10 години, најпрво во главниот град на земјата, Скопје, а од 2006 година – во Ростуше и во неколку блиски места лоцирани во регионот на Долна Река.

издавач: МСЕД

Cover for „РАЗНОВЕРЦИ“, Меѓурелигискиот соживот на село во Западна Македонија
Published
February 18, 2022