„Етнографски материјали од професорот Ѓорги Здравев“

Authors

Инес Црвенковска Ристеска

Synopsis

Во оваа прва книга, претставени се етнографски материјали од професорот Ѓорѓи Здравев, кои се во сопственост на ИЕА, ПМФ, УКИМ, Скопје и се дел од Архивот на Институтот за етнологија и антропологија (АИЕА) и Дигиталниот архив на ИЕА (ДАИЕА).

Во првата книга, етнографските материјали се подредени во три дела. Во првиот дел се организирани „Теренските белешки и описи од пределите Горна Река, Горна Река и Горни Полог од 1972 и 1976 година“. Тоа се мошне детални теренски белешки, со опширни описи на делови од народната носија од овие предели. Исто така, интересна е и компаративната анализа на облековните елементи меѓу населените места. Важно е да се спомне дека, врз основа на неговите белешки, може да се добие претстава за тогашниот социокултурен контекст, од што може да се увиди општествената функција на облекувањето и на поединечни облековни елементи во контекст, што слободно може да се каже дека е реткост во приодот и анализите на етнолозите од тој период. Во вториот дел се подредени „Теренски забелешки и описи од Радовишко“ од малку подоцнежен период, од 1981 и 1982 година. Овие материјали, како и претходните од пораните периоди, може да се види дека се со детални описи, исклучително внимателно категоризирани и потоа анализирани. Во третиот дел, пак, што се однесува на „Теренските белешки и описи на маала од градот Крива Паланка и селата околу градот“, се чувствува идејата на професорот Здравев за карактеристиките на народната носија и нејзините облековни елементи да прави белешки со статистички обележја. И тука се забележуваат детални описи, но повеќето се однесуваат на облековни специфичности во културата на облекувањето.

издание на ЦЕИПА, 2023

Cover for „Етнографски материјали од професорот Ѓорги Здравев“
Published
February 5, 2024