„Резбарени тавани, долапи и врати во Македонија“
Synopsis
Станува збор за повеќегодишен проект кој бил одбранет како докторски труд напишан на македонски јазик на Универзитетот во Белград во 1988. Во скратена форма тој претходно бил објавен во 1992 во издание на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје, кадешто д-р Светиева работела како истражувач.
Речиси триесет години по неговото првично појавување, ракописот е објавен во интегрална форма, за на овој начин да стане достапен на истражувачката и на пошироката читателска јавност.
Издавач на монографијата е Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија (ЦЕИПА, 2023), уредник и автор на предговорот е проф. д-р Љупчо С. Ристески.
Published
February 5, 2024