ОСМИ МАРТ И НАПРЕДНОТО ДВИЖЕЊЕ НА ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (1939-1945)

Authors

Вера Весковиќ Вангели

Synopsis

Во историјата на напредното работничко движење „Денот на жената - Осми март“ има вонредно значење, особено од аспекти на мобилизацијата на женските напредни сили во борбата за политички права и економска рамноправност. Неговата универзална улога како револуционерен агенс доаѓа до полн израз во процесот на продлабочувањето на класното осознавање и определбата на пошироките женски маси и воопшто во борбата на жената за полна еманципација. Бидејќи „Осми март" има своја подолга револуционерна традиција во женското напредно движење во Македонија, се обидовме, преку зачуваната архивска документација за овој проблем, дополнета со нужните објаснувања и предговор, да дадеме, колку што е тоа можно, посеопфатен преглед и научно олкување на овој значаен проблем.

Cover for ОСМИ МАРТ И НАПРЕДНОТО ДВИЖЕЊЕ НА ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (1939-1945)
Forthcoming
January 25, 2024