НАРОДНА НОСИЈА ВО ГОРНА ПРЕСПА

Main Article Content

Аница Антова

Abstract

Ракописот со  наслов: „Народна носија во Горна Преспа“ од  Аница Антова е  напишан на машина за пишување, како семинарска работа на студиите по етнологија на Филозофскиот факултет во Скопје во 1949г., под менторство на  проф. д-р Бранислав Русиќ. Станува збор за текст на познатиот етнолог Аница Петрушева, чиешто моминско презиме било Антова. Интересот на Аница (Антова) Петрушева за народната носија започнал уште во текот на нејзиното студирање етнологија кај проф. д-р Бранислав Русиќ, а се профилирало во текот на целиот нејзин работен век. Интересот и достигнувањата на Аница Петрушева во доменот на истражувањата на карактеристиките на народната носија, везот и текстилните обработки ја дефинираат како еден од најдобрите познавачи на оваа проблематика во Македонија. Текстот на семинарската работа е зачуван како резултат на грижливиот однос кон сите материјали на проф. д-р Бранислав Русиќ, чијашто ракописна заоставштина се чува во Архивот „Харалампије Поленаковиќ МАНУ. Транскрипцијата на   текстот ја  направи проф. д-р Љупчо С.  Ристески, а  јазикот и текстот се  пренесени во  целост во  оригиналната форма со  цел да  се  забележат јазичните карактеристики на  македонскиот јазик    од  тоа   време, без   лекторски интервенции.

Downloads

Download data is not yet available.

Article Details

How to Cite
Антова, Аница. 2023. “НАРОДНА НОСИЈА ВО ГОРНА ПРЕСПА”. EthnoAnthropoZoom/ЕтноАнтропоЗум 23 (December), 102-30. https://doi.org/10.37620/EAZ2323102a.
Section
Ethnography, Field Materials / Етнографија, Теренски материјали